Високите цени на земјоделските производи ќе ги наполнат џебовите на фармерите
Скокот на цените на житото и на добитокот оваа година ќе го подигне приходот во американското земјоделство на историски високо ниво, проценува Министерството за земјоделство.
Скокот на цените на житото и на добитокот оваа година ќе го подигне приходот во американското земјоделство на историски високо ниво, проценува Министерството за земјоделство.
Вкупниот приход номинално ќе биде поголем за 24,3 отсто и ќе изнесува 541,3 милијарди долари. Во земјоделството приходот ќе се зголеми за 19 отсто на 285 милијарди долари, а значаен двигател на растот ќе биде продажбата на пченка, соја и пченица. Вкупниот приход на земјлоделците ќе порасне уште посилно, за 31 отсто, на 256 милијарди долари, сметаат во Министерството.
Нето-приходите во земјоделството годинава ќе се зголемат за 13,8 отсто на 160,5 милијарди долари, покажуваат пресметките.
Прилагодени за инфлацијата, нето-приходот ќе достигне највисоко ниво од 1973 година, а нето-приходот во готовина ќе биде највисок откако Министерството ги објавува податоците. Нето-готовинскиот приход се пресметува во годината на продажба, а нето-приходот во годината на производство и вклучува фактори како што се амортизација на средствата како земјоделска опрема.
И годинава силно ќе се зголемат трошоците за производство, додаваат од Министерството, и номинално ќе бидат повисоки во речиси сите ставки.
Најголем процентуален скок се очекува кај трошоците за гориво и нафта, за 47,4 отсто, на 20,5 милијарди долари. Потоа следуваат расходите за камати кои треба да се зголемат за 41 отсто, на 27,4 милијарди долари.
Долгот на земјоделците номинално треба да се зголеми за 5,9 отсто. Кога ќе се прилагоди на инфлацијата, задолжувањето ќе биде на ниво од минатата година, оценуваат од Министерството.https://nezavisen.mk/