fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Љубе Пампулески-Не знам како бубачката се нашла во јаболката кои се извезуваат од земјава

Јаболкото ќе остане непродадено ако потрае одлуката на Русија за забрана на увоз на растителни производи од земјава поради кафената мермерна бубачка, велат овоштари од Ресенско.

Јаболкото ќе остане непродадено ако потрае одлуката на Русија за забрана на увоз на растителни производи од земјава поради кафената мермерна бубачка, велат овоштари од Ресенско. Тие се сомневаат дека проблемот е од друга природа бидејќи не веруваат дека во контингентите со јаболко го имало инсектот.

Љубе Пампулески претседател на Здружението на овоштари од Ресен вели дека последиците од ваквата одлука на Русија допрва ќе се видат, но се надева дека проблемот ќе се реши набрзо, ако не е произлезен од политички и геополитички причини.

– Не знам како бубачката се нашла во јаболката кои се извезуваат од земјава. Дали стигнала директно од овоштарниците или преку препакување во друга земја? Дали е една или повеќе бубачки? Руската агенција има и фотографии како доказ кои ги приложува, но знам дека ова е неповолно за земјоделските производители од земјава кои извезуваат во Русија. Загрижува и фактот што покрај јаболката во кои е најдена бубачката се забранува увоз и на другите растителни производи од земјава што не е добро за извозот – вели Пампулески.

Тој очекува проблемот да се реши и извозот да продолжи.

– Ние имавме извоз на земјоделски производи и лани кога се воведоа санкциите кон Русија, а имавме и досега. Верувам дека проблемот ќе се реши брзо – додава Пампулески.

Овоштарите се загрижени бидејќи јаболкото ќе им остане непродадено.

– Многу е лоша состојбата бидејќи 70 отсто од нашето производство одеше за рускиот пазар. Ако ова остане за трајно не знам каде ќе ја пласираме јаболката. Сега сме оставени да извезуваме само мали количини во Косово и во Бугарија и незначителни во Црна Гора и во Босна и Херцеговина. Русија е нашиот најдобар партнер и по тоа што добро и навремено ги плаќа извезените количини – вели Бесник Османи, овоштар од ресенското село Крани.https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close