И земјоделците се дигитализираа – можат да ги следат информациите од агрометеоролошките мерни станици за смарт замјоделство
Земјоделците од Тиквешко можат да ги следат информациите од агрометеоролошките мерни станици за смарт замјоделство, поставени во четири општини, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
Земјоделците од Тиквешко можат да ги следат информациите од агрометеоролошките мерни станици за смарт замјоделство, поставени во четири општини, информираше градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.– Информациите од поставените мерни станици може да се следат на http://agrovardar.mk/ и на андроид апликацијата meteobot https://play.google.com/store/apps/details?id=biz.prointegra.meteobot, која измерените податоци преку GPRS технологија ги праќа до сервер на модел за прогноза на болестите за многу видови култури. Преку обработените податоци, се добиваат навремени информации за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно. Со ова, се овозможува прецизно одредување на рокот за третирање на заштитни препарати, но и се олеснува изборот на препарати, соопшти градоначалникот.