fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски-Во 2023 ќе се примени нов систем на субвенции во земјоделството, како во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со измените 30 проценти од субвенциите ќе се исплаќаат за време на посевите.

Воопшто не се намалува субвенцијата на земјоделците, туку таа останува иста, а кај некои и ќе се зголеми, оние кои имаат зголемено производство, истакна на  прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека со измените 30 проценти од субвенциите ќе се исплаќаат за време на посевите.

Тој истакна дека за 2023 година ќе се воведе нов систем за субвенции за земјоделци, што се користи во Европската унија, со кој земјоделците 30 проценти од субвенцијата ќе ја добијат тогаш кога се посевите, а остатокот ќе го добијат врз основа на предадено производство.

„Со оглед на тоа што се работи за прва година, не само што не се намалени субвенциите, туку напротив тие се и зголемени. Ние додадовме една милијарда денари дополнително за да може да се исплати авансната исплата за земјоделците со новиот систем на субвенционирање во текот на 2023 година.

Воопшто не се намалува субвенцијата на земјоделците туку напротив таа останува иста кај некои и ќе се зголеми, оние кои имаат зголемено производство, а ќе се забрза и исплатата, термински исплатата од 30 проценти ќе се врши пред да се заврши целото производство, односно при посевите, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека ќе се направат и законски измени со цел да се обезбедиме со основни прехранбени производи во државата за 2023 година. (МИА)https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close