fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Со новиот начин на субвенционирање, најголем дел од земјоделците ќе се откажат од производство, велат од независниот Синдикат на земјоделци

Ставре Јанев од Независниот синдикат на земјоделци смета дека новиот начин на субвенционирање нема да ги врати младите на нивите, ниту пак ќе се добие битката со производство на храна.

Новиот начин на субвенционирање по Нова година ќе го крене на нозе Независниот синдикат на земјоделци. Револтот следи по најавата на министерството дека од јануари ќе почне новата примена на субвенционирање, која според земјоделците, кои сè уште ги обработуваат нивите ќе значи и дополнителни трошоци, а голем дел од нив нема да земаат субвенции, бидејќи нема да ги исполнат условите.

Ставре Јанев од Независниот синдикат на земјоделци смета дека новиот начин на субвенционирање нема да ги врати младите на нивите, ниту пак ќе се добие битката со производство на храна. Смета немилосрдно е земјоделците да се условуваат со задолжително ангажирање на агрономи, потоа да се осигурат посевите и тоа во време кога поголем дел од земјоделските производи се нудат по цена пониска од производната. Порача дека потребно е на маса да седнат вистинските земјоделци, со оние кои го пишувале законот и да се доработи.

„Вие да воведувате нови трошоци, нови задолженија за земјоделците тоа значи дека земјоделието според наше размислување е доведено до прашање за неговиот опстој, понатамошната динамика на производство. Лично мислам дека најголем дел од земјоделците ќе се откажат од производство, вели Ставре Јанев од Независниот синдикат на земјоделци.

Незваисниот синдикат бара доработка на новиот начин на субвенцирање, доколку власта нема слух по Нова година ќе излезат на масовни протести. Според првите луѓе на ресорното министерство новините во субвенционирањето ќе значи и приспособување на македонското земјоделство на европските стандарди. Сметаат дека на овој начин ќе се анулира сивата економија и ќе се зголеми производството на храна на македонскитеhttps://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close