Менде Стомнароски се крие и не одговара на прашањата на Зелена берза
Зошто Стомнароски се плаши од едни медиуми, а за други дава изјави? Денеска кажал дека не памети досега за еден месец да се преземе целиот произведен тутун
Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија не одговара на прашањата на Зелена берза, ниту пак се јавува на телефонските повици. Но, ете денеска гледаме дека дал изјави за други медиуми. Од што се исплашил Стомнароски не знаеме, ама со оглед на тоа што е на чело на Сојузот на земјоделски здруженија не само што треба, туку мора да биде транспарентен и кон јавноста и со медиумите. За жал, ова не е прв пат Стомнароски, да не одговара на прашањата на Зелена берза која транспарентно, објективно и професионално ги пренесува состојбите во македонското земјоделие. Денешните повици кон Стомнароски беа на тема откуп на тутунот и немаше ништо друго што би го вознемирило.
Зелена берза му порачува на Стомнароски достојно да се однесува кон медиумите барем додека е на чело на Сојузот и да не ги потценува и селектира.
А. Блажевска
Инаку Стомнароски за други медиуми вели дека речиси 80 насто е откупен тутунот од годинашнава реколта и се потврдуваат најавите дека откупот ќе заврши до крајов на месецот.
Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија вели дека не се памети досега за еден месец да се преземе родот. Има голема побарувачка, а помалку тутун.
– Не паметам, ниту пак повозрасните, дека некогаш се случило тутунот да се откупи за еден месец. Утре, 15 декември е официјалниот старт на кампањата, а веќе 80 насто од родот е купен. Сите откупувачи побрзаа да почнат во почетниот, „предвремен“ рок, 15 ноември. Се потврди она што цело време го говоревме дека малку има тутун годинава, а побарувачката е голема. И е квалитетен. Откупени се над 15 000 тони, а реколтата има неполни 20 000 тони. Нема никаков проблем со откупот, дури, главно, се проценува прва класа, по 300 денари за килограм, изјави Стомнароски за медиуми.https://www.biznisvesti.mk/