fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши вели намалувањето ќе биде од 7 до 10 отсто да не очекувате 40-50 отсто намалување

Ќе има поевтинување на производите, кога кажуваме 7 до 10 посто да не очекувате 40-50 посто намалување

Ќе има поевтинување на производите, но од 7 до 12 отсто. Ова го тврди министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се наоѓаат во групата на производи кои треба да поевтинат.

„Затоа ве молам кога кажуваме 7 до 10 посто да не очекувате 40-50 посто намалување, тоа не е возможно да се случи моментално. Ние сме кажувале во континуитет дека тоа намалување ќе биде од 7 до 12 посто. Проверете ги цените колку биле претходно проверете ги новите достави што се даваат од домашните производители кон супермаркетите низ државата и ќе видите дека трендот се случува. Дополнително ќе се случи и од други производители откако ќе им завршат залихите“, вели Бектеши.

Министерот и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе добијат поевтина струја од 1 декември. Но, како што кажа министерот, тоа нема да се случи моментално. Во Македонија инфлацијата изнесува скоро 20 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close