Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски-Започнавме со подготовка на годишните програми за поддршка на земјоделството
Посветено работиме во интерес на земјоделците, развојот и модернизација на македонското земјоделство.
Посветено работиме во интерес на земјоделците, развојот и модернизација на македонското земјоделство.
Заеднички секторите на министерството и Платежната Агенција, започнавме со подготовка на годишните програми за поддршка, како и националната пет годишна програма за развој на земјоделството и руралниот развој.
Со буџетот за 2023 година имаме историски најголем буџет во земјоделството од околу 12 милијарди денари со кои обезбедуваме средства за најголемата реформа во земјоделството преку новиот модел за субвенционирање, поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет пошумување и обнова на шумскиот фонд преку зелената транзиција.