fbpx
Вести

Финансирање на земјоделски компании од ИПАРД 2

zemjodelski kompanii

Задругите и земјоделските фирми можат да се подготвуваат за аплицирање за новиот ИПАРД оглас кој наскоро треба да биде објавен. Меѓу средствата кои ќе може да се добијат со оваа програма се и за инвестициите во преработката на земјоделските производи кои ќе се кофинансираат со неповратни 50 проценти од вложените пари.

Во ИПАРД 2 мерките наменети за преработувачката индистрија се за производството на млеко и млечни производи, месо и производи од месо.Тука се вклучени и производството на живина и јајца, овошје и зеленчук, мелнички и житни производи и вино. Пари ќе има и за производство на енергија добиена со преработка на производи од растително и животинско потекло.

Прифатливи инвестиции за кофинансирање се и изградбата или реконструкцијата на објекти и фарми,  складови за чување на храна и храна за добиток, амбари или силоси. Пари ќе има и за магацини, ладилници и калибратори.

Исто така ќе се финансира и инфраструктура на имотот на земјоделските претпријатијатија кои ќе конкурираат, вклучувајќи ја и изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување на објектите, електрични инсталации, водоводи, систем за отпадни води, пумпни и бунари.

Стапката на кофинансирање е 50 проценти. Најниската вредност на вкупните прифатливи трошоци е 10.000, а максималната е 4.500.000 евра.


 

мрт

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close