fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Да се обештетат сите тутунари на кои тутунот не им се откупи во ПРВА КЛАСА

Игор Мирчески со повик до премиерот и министерот-да се исправи неправдата кон овие тутунари и нив да им се доплати разликата со која се оштетени по најмалку од 60 тина денари на килограм

Јавен повик до премиерот и министерот на МЗШВ.

Почитувани, откупот на тутун во оваа реколта е при крај и откупени се речиси 99% од количините од годинашното производство на тутун. Иако беа договорени околу 26 милиони килограми тутун, сепак голем дел од производителите се откажаа од своето производство поради погрешните политики кои се водат во оваа гранка во изминатите години што придонесе за драстично намалување на оваа култура на нашите ниви поради што директна загуба има и државата.

Затоа тргнувајќи од фактот дека оваа гранка е од особен интерес за државата и социо-економското значење за производителите, но и за оние кои традиционално го купуваат овој наш производ, злато вреден а знаејќи дека Сојузот на земјоделски здруженија заедно со нивниот претседател Менде Стомнаровски, кои немаат легитимитет кај тутунарите, вооошто не се заинтересирани да се реши овој проблем, ние новоформираните тутунски здруженија го испраќаме ова наше барање до ВАС.

Имено од откупените околу 19 милиони килограми,повеќе од 90% се откупени во прва класа а остатокот во втора и незначителен дел во трета класа.

Со овој начин на проценка на тутунот оштетени се оние производители кои својот род го предадоа во раниот откуп, за разлика од редовниот каде тутунот се откупуваше само во прва класа. Поради овие причини бараме да се исправи неправдата кон овие тутунари и ним да им се доплати разликата со која се оштетени по најмалку од 60 тина денари на килограм, бидејќи и тие тутунари ја чувствуваат двоцифрената инфлација и за нив се исти цените по маркетите,репроматеријалите, нафтата и се останато, а тие луѓе им се потребни и на државата и на тутунската индустрија. Па, тргнувајќи од фактот што во буџетот на Македонија се обезбедени пари за субвенции на 26 милиони килограми тутун, средства кои нема да се потрошат поради големото намалување на количините, БАРАМЕ со разликата на тие средства да се обесштетат сите тутунари кои имаат пониска класа од прва.

Доколку го преземете овој чекор вие како Влада ќе покажете дека не се само празни зборови сите ваши јавни настапи на кои устите ви се полни со зборови како вие работите во интерес на земјоделците, а оштетените тутунари ќе имаат желба и за следната година да садат тутун и да придонесат за добробит на државата. И за крај вве ви решение, ваше е само да го спроведете и од зборови да преминете на дела.

Од вас зависи

Со почит Игор Мирчески координатор на новоформинарите тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close