fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Вински пат во Европа – проект на средношколци од Кавадарци, Александровац и Ново Место

Целта на проектот беше учениците да се стекнат со практични знаења и вештини од примената на агротехнички мерки во земјоделството, особено лозаровинарството.

„Вински пат во Европа” е насловен проектот во кој беа вклучени средношколци од Кавадарци, Србија и Словенија, информираа  од кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, „Ѓорче Петров”.

Целта на проектот беше учениците да се стекнат со практични знаења и вештини од примената на агротехнички мерки во земјоделството, особено лозаровинарството. Беа посетени неколку лозови плантажи, винарски визби. Носител на проектот беше Земјоделската школа „Свети Трифун” од Александровац, преку српската фондација „Темпус”. Од словенечка страна, наш партнер беше Земјоделско угостителски биотехнички центар „Грм” Ново Место, појасни професорот Ефремчо Николов, координатор од македонска страна.

Тој нагласи дека во рамките на активностите, средношколците го следеле целиот процес од раѓањето на грозјето на виновите лози, до подготовката на квалитетно вино.

– Како плод на заедничката соработка, се потрудивме да добиеме еден заеднички производ од грозје. Го именувавме „братско вино”, затоа што сведочи за сплотеноста на ученици, идни енолози, од три земји, да создадат нешто што ќе ги обедини и што ќе ја носи пораката дека заедно можеме повеќе и подобро, дециден беше Николов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close