fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Голем оглас за вработување во УЈП, се вработуваат 100 луѓе

Даночните власти велат: Причина е големиот број пензионирања

Управата за јавни приходи планира да вработи наеднаш 100 луѓе. Огласот за тоа е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.

Во него се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.

Ќе се примаат главно инспектори, даночни советници, соработници, асистенти. Платите се главно меѓу 28 и 38 илјади денари.

Во огласите е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично.

Фактор ја праша Управата за јавни приходи зошто наеднаш се потребни толку многу вработувања во даночната администрација.

Оттаму ни објаснија дека за сите овие вработувања е дадена потребната согласност од Министерството за финансии. Исто така, како што потенцираат од УЈП, поголем бил бројот на пензионирања од планираните нови вработувања, па затоа на даночната администрација сега и е потребен нов кадар.А, големиот одлив на кадар настанал, како што велат, и поради измените на Законот за работни односи, со кои не може да се продолжува работењето над 64 години со изјава на вработениот.

„УЈП ве информира дека јавниот оглас за вработување на 100 административни службеници во Управата за јавни приходи, е објавен врз основа обезбедена финансиска согласност на Министерството за финании и согласно донесениот Годишен план за вработување во Управата за јавни приходи за 2022 година, со кој се планирани 100 нови вработувања наспроти 110 пензионирања, иако досега се реализирани вкупно 124 пензионирања.Според ова, потребата за овие нови вработувања е утврдена врз основа на планираниот природен одлив за календарската 2022 година (предизвикан првенствено од измените на Законот за работните односи со кои се укина можноста за продолжување на работниот однос над 64 години возраст со изјава од вработениот), како  и согласно останатите индикатори за работната сила по години“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од УЈП.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close