fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Има пари во лозарството, само треба желба, трпение и многу работа

Лозарот Раде Зоков вели дека за него лозарството не е само традиција, туку и начин на живот.

Селото Ресава е најстарото село во Тиквешијата кое се занимава со лозарство. Во оваа планинско село има најмногу вода, брана и 14 воденици за мелење жито. Порано во Ресава и во околните села се одгледувале и житни култури. Поради  изобилството на вода за наводнување, лозјето кое се одгледува има најмногу шеќерни единици, а селото е познато по производство на најквалитетните вина и ракии. Лозарот Раде Зоков вели дека лозарството во оваа село е традиција и речиси да нема жител во селото кој не се занимава со одгледување на оваа земјоделска култура.

Зоков вели дека за него лозарството не е само традиција, туку и начин на живот. Цело негово семејство се занимава со лозарство, што е и основен приход за егзистенција на семејството.

-Потекнувам од лозарска фамилија, а лозарството е традиција во Тиквешкиот регион. Во овој крај најмногу успева лозјето од сортата Станушина, Смедеревка и Вранец. Јас имам 6 хектари лозје, од кои два хектари се вински сорти на грозје, а останатите трпезно грозје од сортите Викторија, Мишел и Афусали. Лозјето го обработувам со своја механизација, имам две трактори, два плуга, прскалка, фреза, тањирача и приколка. За набавка на механизацијата имам добиено средства од ИПАРД програмата, вели Зоков.

Од неодамна инвестирав во сопствена винарница, а наскоро ќе отворам и дестилерија за производство на ракија – тиквешка жолта.

-Со производство на домашно вино и ракија се занимавам многу одамна, всушност тоа е семејна традиција која се пренесува од колено на колено. Јас само ја усовршив рецептурата за нивно производство. Сега во винарницата ги зголемив количествата на домашно вино, а произведувам црвено, розе и бело. Во дестилеријата што ќе ја отворам наскоро ќе произведувам тиквешка жолта која е заштитен знак на овој регион, вели нашиот соговорник.

Почетната инвестиција за винарницата го чинела околу 3 илјади евра, а овие пари како што вели може да се вратат за помалку од една година. Во оваа работа има пари, ама многу е важно да се има сериозен пристап и посветено да се работи.

-Јас секое утро станувам во 6 часот наутро и одам на нива. Сега е период на резидба на лозјето и симнување на прачки од жицата. Се затегнуваат жиците и се врзуваат главните прачки. Резидбата трае од еден до два месеци, односно до Свети Трифун кога се врши закројување на лозјето. По резидбата лозјето се ора, па се копа. Од 15 мај се почнува со прскање и до август се прска. Од 1 август се почнува со берба прво на раните сорти трпезно грозје, а од 1 септември на винските сорти, објаснува Зоков.

Потоа лозјето се бере, трпезното се става во гајби и оди на продажба, а винското се носи на преработка и од него се прави вино и ракија. Зоков вели дека ако сакате да произведете добро и квалитетно вино мора да ангажирате енолог. Виното кое го произведува во сопствената винарница го продава како наливно и флаширано во шишиња од 1 литар и 750 милилитри.Повеќе на https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close