fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пчеларите од Пелагонија вршат прихрана на пчелните семејства

Пчеларите од битолскиот дел на Пелагонија деновиве интревенираат со прихрана на пчелните семејства поради недостиг од храна.

Како што појаснуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, прихраната се врши со погачи кај пчелните семејства каде нема доволно храна при зазимувањето и во пресрет на втората половина од јануари кога пчелните друштва ја зголемуваат својата активност,

– Во овој период пчелните семејства инстиктивно чувствуваат потреба за обновување, па почнуваат со формирање на ново легло. Матицата започнува со полагање на нови јајца и животот на пчелното друштво почнува да се менува. Започнува поголемо трошење на храна а посебно на полен. Бидејќи пчелите интензивно почнуваат да ја хранат матицата, да го хранат и негуваат леглото потрошувачката на храна и полен се зголемува. Со зголемувањето на потрошувачка на храна и на забрзување на другите животни процеси во пчелното друштво, во кошницата доаѓа до појавување на водена пареа и јаглероден диоксид поради температурната разлика па затоа вентилацијата е од посебно значење, за да не дојде до мувла по краевите. Ако во текот на јануари се појават повеќе топли денови тогаш леглото се зголемува што резултира со поголема потрошувачка на храна а посебно на полен кој многу се троши за исхрана на леглото, без кој нема и лачење на млеч. Затоа кај оние пчелни семејства кај кои не е оставено доволно храна при зазимувањето се појавува недостиг од храна и треба да се интервенира со прихрана погачи, препорачуваат од АПРЗ.

По реалните зимски температури во јануари, на крајот на јануари и почетокот на февруари со затоплување на времето, може да се очекува масовно летање на пчелите или летови за прочистување.

-Кон крајот на месецот се пристапува кон изимување на пчелните семејства и подготовка за нивен предпролетен развој. За таа цел треба да се исчистат подовите од кошниците за пчелите да не се заморуваат со непотребна активност, туку да се ориентираат пред се на исхрана и одгледување на леглото. Пчеларите, треба да ја проверат резервата на храна во секое друштво и ако ја нема во доволни количини да стават по една погача, најдобро оплеменета, велат експертите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close