fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од март ново покачување на пензиите

Од голема помош е поддршката од Владата на пензионерите, преку усвојувањето на новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки, велат од владата..

Утре пензионерите ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци.

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска  се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и со претставници на Сојузот.

Премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска ја остварија средбата во Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да ги потврдат определбите на Владата за конкретна и постојана грижа за стандардот на пензионерите.

На состанокот заеднички е констатирано дека е од голема помош поддршката од Владата на пензионерите, преку усвојувањето на новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close