fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории граѓани

Проверете сметки -Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно за период од четири месеци.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во тек е исплатата на паричната помош во согласност со Законот за финансиската поддршка за ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок поради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок поради попреченост, без потреба од контролен преглед, и самохраните родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно за период од четири месеци.

Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица корисници на правото на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок во согласност со Законот за материјалното обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување им се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно – 1.500 денари месечно за период од четири месеци и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно изнесува 750 денари месечно за период од четири месеци. За корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување – 750 денари месечно за четири месеци.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close