fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Православните верници слават Стара Нова година

На овој ден верниците вртат и мазник  со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе биде среќен во текот на целата година.

На први јануари според стариот календар, односно на 14 јануари според новиот, македонскиот народ празнува Василица.

На овој ден верниците вртат и мазник  со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат, а домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

На овој ден се гледа и времето. Ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close