Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Со 97 години баба Велика од село Света е најстариот жител во општина Демир Хисар
Дали на село се живее подолго?
Велика Спасевска од село Света е најстариот жител – пензионерка во Општина Демир Хисар која има 97 години.
По тој повод, денес, градоначалникот Никола Најдовски заедно со претседателот на Здружението на пензионери, Демир Хисар, Кирило Блажевски, го посетија домот на баба Велика и ѝ доделија пригодни поклони во знак на почит и внимание.
– И посакувам многу здравје на баба Велика и да си ја користи пензијата уште долги години во семејна хармонија и среќа во нејзината фамилија, рече Најдовски кој, меѓу другото, упати и срдечни честитки по повод празникот Василица.