Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски објави-Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем
Рекордни 290 денари по килограм тутун. Министерот со честитки за сите тутунари за оваа успешна реколта, нека секоја наредна година биде уште поуспешна.
Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем во откупниот процес, а тутунарите ги поминаа новогодишните и божиќните празници со полни сметки.
Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм.
Кога на оваа откупна цена, ќе се додаде и субвенцијата од 80 денари по килограм која ја доделува Владата, тутунарите ја завршија сезоната со заслужена заработка од 370 по килограм тутун.
Честитки за сите тутунари за оваа успешна реколта, нека секоја наредна година биде уште поуспешна.