fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Јазот меѓу богатите и сиромашните расте со огромна брзина

„Оксфам“: За прв пат во последните 25 години истовремено растат екстремната сиромаштија и екстремното богатство

Според извештајот „Опстанок на најбогатите“, кој хуманитарната организација „Оксфам“ денеска го презентира на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија – за прв пат во последните 25 години истовремено растат екстремната сиромаштија и екстремното богатство.

Покрај тоа, големите компании и нивните сопственици профитираа од различни кризи. Така, од 2020 година, најбогатиот процент од човештвото имал вкупно 26 трилиони американски долари – а останатите 99 проценти располагале со 16 трилиони американски долари.

Во изминатата година, богатството на милијардерите повторно „порасна“, особено поради „вртоглавите профити на компаниите за храна и енергија“. Меѓу нив има и 95 компании кои минатата година го зголемија својот профит повеќе од двојно.

Според „Оксфам“, најмалку 1,7 милијарди работници живеат во земји каде инфлацијата е повисока од растот на платите. Приближно секој десетти човек во светот е гладен. Според „Оксфам“, 60 отсто од гладните во светот се жени и девојчиња.

Во исто време, три четвртини од сите влади планираат да ги намалат трошоците во јавниот сектор, како што се образованието и здравството.

Во овој контекст, организацијата ги повика владите да се спротивстават на овој тренд со даноци на вишокот профит и огромното богатство. „Оксфам“ бара данок на вишокот профит од најмалку 50 отсто, бидејќи „претходните планови за оданочување на тие профитери од кризата пропаднаа“.

Приходите остварени на овој начин би требало да се инвестираат во подобрување на социјалната сигурност, образованието и здравството за да се борат против нееднаквоста и сиромаштијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close