fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Горан Богевски од Св. Митрани-приказната за младиот земјоделец

Богевски во моментот имаат 60 крави а очекуваат да се поршират со уште 33. Кога и децата на сточарите не се откажуваат од сточарството.

Модерна фарма, опремена со се’  она што предвидуваат модерните стандарди, со затворен систем за молзење, модерен систем за изѓубрување, вентилација, доволен простор за секое грло и се’ она што е потребно за функционирање  и   добивање  квалитетно млеко, ова  е сон на секој фармер. Може ли фармер што започнал да се занимава со одгледување на крави  да го оствари овој сон? Не е лесно но возможно е. Фармерството  се смета за тежок бизнис, може да се заработи , но потребно е  многу вложување и во човечки и материјални ресурси.

Горан Богевски од с. Св. Митрани крушевско е млад земјоделец  кој има сон да има голема и модерна фарма. Во монетот на фармата има 60 крави а за скоро ќе ја прошират фармата за уште 33 крави.  Иако е свесен дека соништата не се остваруваат лесно, упорен е и напорно работи заедно со своето семејство.

-Моето семејство отсекогаш се занимавало со земјоделство, но јас со одгледување на крави се занимавам интензивно во  последните 6 години. Почнав со три крави за сега да имам 50, вели Горан сопственик на фармата „Богески компани“.

Горан не застанува овде. Она на што реагира Горан се субвенциите кои многу доцнат и селективно се исплаќаат.

Дел од потребната храна ја купува , а дел сам ја произведува. За таа намена обработува 50 ха земјоделско земјиште од кои 10 се во негова сопственост, а останатите ги има земено под кирија од приватни сопственици. Со оглед на тоа што сака да ја проширува својата фарма има потреба од дополнително земјиште. Ќе мора некако да се снаоѓа бидејќи според правилата што ги наметнува ЕУ, за да може еден фармер да биде успешен потребно е да располага по 7 декари земја по грло. Не располага со државно земјиште. Како што вели не успеал да земи и дека, она  што било, му било доделено на луѓе што немаат врска со земјоделие.

Се обидува колку што може да ги применува сите оние практики кои се потребни за да добие квалитетно млеко.

Покрај кравите одгледува и прасиња кои ги продава додека се мали, бидејќи за големи не се исплаќало. Вели дека е многу тешко за пласман и затоа повеќе се насочува кон кравите. Покрај житни култури, на неговото земјиште може да се најдат и градинарски култури и тутун.

 

Најголемиот дел од обврските ги извршуваат Горан, сопругата  Елена и неговата мајка.

Сопругата Елена вели дека децата им се најголемото богатство и токму заради нив заборава на целата тежина околу извршувањето на обврските како на фармата и  во бавчата,  така и во домот. Вели дека со добра организација може да се стигне се’ да се заврши. Има многу работа , но се стигнува и да излезат, да прошетаат и да се забавуваат сите заедно. Елена е поборник на народната поговорка  „Џабе работи, џабе не седи“ и ги охрабрува сите оние што немаат работа да почнат да работат, затоа што кога – тогаш  она што  ќе се вложи се исплати и успехот излегува сам на површина.

З.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close