fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Николовски уште во декември најави дека со новиот буџет први субвенции ќе земат лозарите

Лозарите ги бараат субвенциите пред Св. Трифун

Лозарите бараат исплата на редовните субвенции од хектар за оддржување на лозовите и овошните насади, да се исплатат пред празникот Св. Трифун со можност за нивно покачување, затоа што велат дека цената на сите заштитни средства и ѓубрива е значително покачена. Бараат тие да се исплаќаат календарски пред сезоната за сите култури стои во барањата на „Тиквешки лозароовоштари” .

Со писмото од вчера испратено до  министерот и Министерството, се бара итно исплаќање на средствата наменети за регистриран  млад земјоделец, плус 20 отсто од редовните субвенции за 2021 и 2022 година.

Министерот Љупчо Николовски уште на 6 декември објави дека во однос на исплатата на субвенциите за лозарите, тие ќе бидат исплатени веднаш штом ќе биде донесен буџетот, поточно пред Свети Трифун, празникот на лозарите.

– Исплатата започнува со новиот буџет, со носење на програмите и една од првите исплати ќе е токму за лозарите. Таа традиционално се исплаќа пред Св. Трифун без никаква селекција, со една одлука, со еден потпис на директорот, со редно решение и во еден ден исплата со повеќе милиони евра, рече Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close