Левица-откако на власт се наоѓаат социјалдемократите земјоделството стратешки и наменски се уништува и саботира
Љупчо Николовски ќе биде забележан во историјата како последниот удар пред целосен колапс кој партиите на елитата го нанесуваат врз обичниот народ, велат од Левица.
Деновиве сѐ погласни се маките на производителите на зелка на кои родот им остана на нива. Поради немање на извозни пазари, зимската зелка остана да скапува на нивите, па истата се фризира и употребува како природно ѓубриво.
Ова е уште еден во низата примери, за тоа како откако на власт се наоѓаат социјалдемократите земјоделството стратешки и наменски се уништува и саботира, и Љупчо Николовски ќе биде забележан во историјата како последниот удар пред целосен колапс кој партиите на елитата го нанесуваат врз обичниот народ.
Водени од либералниот пазар на понуда и побарувачка, оваа деструктивна влада не се потруди да донесе национална стратегија и да развива планско земјоделство во државата. И покрај работниот македонски народ, прекрасните географски и климатски услови, нашата држава е увозно зависна за храна, а извозот е неконкурентен за европските и светските пазари. Ваквата состојба е резултат на немањето на стратегија за приоритетни и култури од национално значење, па во овој случај земјоделското производство е стихијно и неплански. Така да, наместо да имаме самоодржливи, оваа состојба од земјоделците создава социјални случаеви.
Левица како партија на работничката класа, за потребите на земјоделците и развој на целокупното производство на храна, е за воведување на планско и државно организирано земјоделство, кое ќе гарантира задоволување на домашните потреби за храна, како и за извоз на странските пазари.