fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Деалтаск фреш“ – уште една успешна ИПАРД приказна

Тешката година која е зад нас покажа дека Владата менаџира успешно со парите на граѓаните.

Уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример како преку максимална искористеност на владините мерки и програми може да се развие и зајакне македонското производство, вака премиерот Димитар Ковачевски го оцени работењето на компанијата „Деалтаск фреш“ што ја посети денеска како дел од неговите активности во преспанскиот регион.

Тој уште еднаш испрати порака дека Владата е и останува партнер на бизнис секторот.

-Компаниите и земјоделците ги препознаа ИПАРД како програма и нејзините придобивки, а „Деалтаск фреш“ е уште една успешна ИПАРД приказна. Парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема потребна на компанијата. Исто така, за пофалба е што оваа компанија е дел и од зелената трансформација на државата – инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестиција посебно во услови на енергетска криза. Посакувам уште многу вакви успешни приказни без разлика дали станува збор за поголеми или помали места во државата. Сите граѓани подеднакво заслужуваат добар живот и просперитет на нивниот крај, изјави Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close