fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од следната недела поскапуваат поштенските услуги, писмата со повисоки цени

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари.

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај  на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната.

Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари. Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама.

Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона. https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close