fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград

АГРО Белград претставува водечки саем за производителите на овошје, зеленчук и вино во регионот, каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски компании и купувачи, создавајќи нови контакти меѓу себе, информира од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од ресорниот министер Љупчо Николовски, денеска учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023 година.

АГРО Белград претставува водечки саем за производителите на овошје, зеленчук и вино во регионот, каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски компании и купувачи, создавајќи нови контакти меѓу себе, информира од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании, како и други компании што ја покриваат областа на земјоделството, се само дел од над 500 излагачи од регионот и светот, кои учествуваат на годинешниот саем АГРО Белград 2023 година. На македонскиот штанд, во рамки на годинешното саемско издание, се претставија повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино, финансиски поддржани од Министерството. Посетителите на саемот имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите производи изложени на нашиот штанд, се наведува во соопштението.

Министерството, преку програмата за рурален развој, обезбеди финансиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалаци.

Николовски и министерката за земјоделство во Србија, Јелена Танасковиќ, упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна соработка, гарантирајќи им на граѓаните во двете држави, сигурна снабденост со храна.

– Република Северна Македонија и Република Србија имаат одлична меѓусебна соработка, како во делот на меѓусебните договори и протоколи, така и во делот на трговската размена. Иницијативата „Отворен Балкан“ се покажа како добра и исправна одлука во вистинско време, која веќе ги дава своите резултати. Како соседни држави, на дело ја покажавме солидарноста, човечноста и меѓусебната соработка во време на прехранбената, економска и енергетска криза. Важен е и конференцискиот дел во рамки на саемот АГРО Белград, кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел, бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук, се додава во соопштението.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close