fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонците играат на сигурно: сè што лета не се јаде!

Социјалните мрежи зовреа од реакции по информациите дека Европската агенција за безбедност на храната дозволи таа да се збогатува со високопротеинско брашно од брашнести бубачки и домашни штурци

Иако Европската агенција за безбедност на храната дозволи употреба на високопротеинско брашно од брашнести бубачки и домашни штурци, преовладува ставот на европските потрошувачи дека не сакаат да консумираат инсекти – во каква било форма. Со оглед на фактот дека и од македонските институции досега не е побарано да се одобри ваков производ и на македонските трпези, во догледно време нема да се консумира таа храна.

Социјалните мрежи зовреа од реакции по информациите дека Европската агенција за безбедност на храната дозволи таа да се збогатува со високопротеинско брашно од брашнести бубачки и домашни штурци, но преовладува доминантниот став на европските потрошувачи дека не сакаат да консумираат инсекти – во каква било форма. А, со оглед на фактот дека и од македонските институции досега не е побарано да се одобри ваков производ, и на македонските трпези во догледно време нема да се јаде таа храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство има пропишано национална постапка за одобрување вакви производи што спаѓаат во категоријата храна произведена со иновирани технологии, а досега до нив не е поднесено барање за одобрување производ што содржи ларви или други форми на инсекти, потврдуваат за „Слободен печат“ од АХВ. Пред две години се разви слична дискусија, откако ЕФСА објави позитивно мислење за употребата на суви жолти ларви од инсектот Тенебрио молитор, како авторизирана храна произведена со иновирани технологии. И тогаш, како и сега, според странските медиуми, се разгледуваше нивното користење во повеќе варијанти, како додаток за јадења или како брашно.

Од АХВ посочуваат дека храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии или т.н. „нова храна“ е секоја храна или нејзина состојка што нема значителна историја на консумација пред 1997 година, кога во ЕУ е донесена првата регулатива со која се пропишуваат посебните барања за безбедност на оваа храна.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close