fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кина тврди дека успешно клонирала три „суперкрави“

Кинеските медиуми јавуваат дека научниците од таа земја успешно клонирале три „суперкрави" кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко.

Кинеските медиуми јавуваат дека научниците од таа земја успешно клонирале три „суперкрави” кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко. Државниот Нинше дејли објави дека експерти од Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирале крава од расата Холштајн-Фризијан која потекнува од Холандија, пишува Си-ен-ен.

Овие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во својот животен век; што е речиси 1,7 пати повеќе од количината на млеко произведено од просечна крава во САД во 2021 година. Нинше дејли пишува дека клонираните животни се родени на почетокот на оваа година. Првото од клонираните телиња е родено на 30 декември со царски рез поради својата релативно голема тежина од 56,7 килограми.

Научниците направиле 120 клонирани ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат крави. Џин Јапинг, научникот кој го водеше проектот, рече дека клонирањето на „суперкравите“ е голем чекор напред бидејќи ѝ овозможува на Кина да ги одгледува најдобрите раси „на економски изводлив начин“, објави државниот весник Глобал тајмс.

Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во текот на својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но, некои високопродуктивни крави не се идентификувани до крајот на нивниот живот, што го отежнува нивното одгледување.

„Планираме во рок од две до три години да создадеме стадо од повеќе од 1.000 суперкрави за да ја намалиме зависноста на Кина од увозот на крави“, рече Џин.

Кина увезува дури 70% од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, фармерите ги вкрстуваат клоновите со конвенционалните животни за да додадат пожелни особини на генскиот фонд, како што се високо производство на млеко или отпорност https://www.mkd.mk/svet/vesti/kina-tvrdi-deka-uspeshno-klonirala-tri-superkravi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close