Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
Повторно поевтинува дизел горивото, овој пат за два денара по литар
РКЕВУ извести дека цените на бензините остануваат исти, односно ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе чини 84 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, 86 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од вечерва на полноќ се намалува за два денара по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Новата цена на дизел горивото од вечерва ќе изнесува 80 денари за литар.
За два денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 78,5 денари за литар.
РКЕВУ извести дека цените на бензините остануваат исти, односно ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе чини 84 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, 86 денари за литар.