fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Јаворка Димова-До последната капка млеко ја преработуваме и од тоа опстојуваме

Сточарството е тешко за работа, ретко кој успева да се справи со проблемите! Фармата на Димови во Свети Николе опстојува 25 години!

Јаворка и Тони Димови од Свети Николе се сточари повеќе од 25 години и како што велат ја обработуваат и последната капка млеко во краен млечен производ и не го предаваат суровото млеко во млекарниците.

Димови одгледуваат 200 глави овци од кои 150 се молзни, а другите се подмладок и овни. Тие имаат регистрирана форма ИЗ Пунто 1.

Нема достапен опис

-Продуктивноста кај овците трае околу 5 месеци, млекото го молзиме и целото го преработуваме во млечни производи како кисело млеко во канче, бело пастеризирано сирење, кашкавал  и урда со пиперки пастеризирани во тегли како и пресна урда“, вели Јаворка во разговор за Зелена берза.

Според неа работата е тешка и бара континуитет бидејќи стоката бара секојдневна грижа.

-Работа имаме многу, производите наши се барани, но тоа е така бидејќи нудиме квалитет. Опстојуваме цели 25 години. Задоволни сме од потрошувачката и од фармата опстојуваме како фамилија, вели Димова.

Она на што таа се жали како сточар е што државата веќе му ја одзела земјата  дадена под закуп и сега опстојуваат со само 6 хектари земја. Одгледуваат пченица и детелина за исхрана на овците. Но, како што вели Јаворка иако со потешкотии успеваат да ја задржат стоката и да напредуваат.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close