fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Испарија ли од државното „Водостопанство“ 922.000 евра?

Ревизорот онеме!

Независниот ревизор одбива да даде мислење за финансиското работење на државното „Водостопанство“ заради бројни недостатоци, нејаснотии и пропусти во работењето во 2021 година. За истата година оваа државна фирма, од чие работење онеме независниот ревизор, од централниот буџет добила над 2 милиони евра поддршка

Имало ли и полоша државна фирма од „Железници“? Вака ќе се запраша секој што има основни познавања од економијата, а го прочитал извештајот на независната ревизија во државното „Водостопанство“ достапен на следниот линк објавен на Македонската берза за хартии од вредност.

Наодите на независната ревизија што го чешлала работењето на „Водостопанство“ речиси и да не постојат. Всушност најстрашно од се е што независните ревизори онемеле односно технички кажано се воздржуваат од давање независно мислење. А основите за воздржување од давање мислење се испишани на две странички А4 формат. Меѓу нив има скандалозни работи како овие. Една од нив, на пример, е таа шо на крај на 2021 година „Водостопанство“ евидентирало дека на сметките во банките депоненти има на располагање пари и еквиваленти вредни 922.000 евра. Ревизорите, согласно нивните протоколи за работа, се зафатиле со проверка и утврдување на фактичката состојба. Побарале, но не добиле потврди од сите банки дека „Водостопанство“ располага со таа сума на пари. Тоа значи дека тие како независен надлежен мониторинг не можат да потврдат дека парите се на сметки или можеби „испариле“.

Исто така и во делот на побарувања односно она што менаџментот на „Водостопанство“ го пријавил дека му должат деловните партнери. Вкупниот износ пријавени побарувања изнесува 8 милиони евра. Кога земале да прават проверки не им биле дадени соодветни податоци за старосната структура на побарувањата. Кога ги засукале ракавите утврдиле дека само правни лица на „Водостопанство“ му должат 3,34 милиони евра повеќе од три години!!! А тоа според сметководствените стандарди се побарувања чија наплаќа е потешка и помалку веројатна. Тоа повлекува резервации на средства кои никогаш не се направени. А токму тоа може во значајна мерка негативно да влијае врз финансиското здравје на оваа државна компанија која е целосно зависна од државни дотации и донации и важи за фирма која е „бунар без дно“ или „црна дупка“.

Верувале или не, „Водостопанство“ не им дало документација на независните ревизори кога барале податоци за судски спорови кои се водат против фирмата со цел да утврдат дали има потреба од резервации на дополнителни средства кои може да треба друштвото да ги плаќа како резултат на идни изгубени судски спорови.

Веста е преземена од https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close