fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Европа се јаде „мешавина од мед од ЕУ“

Кога медот се увезува само од една земја, оваа информација за земјата на потекло мора да биде истакната на декларацијата. Меѓутоа, проблемот настанува кога медот увезен од повеќе земји се пакува во тегла, бидејќи тогаш најчесто се наведува „мешавина од мед од ЕУ“ или „мешавина од мед од неевропско потекло“.

Министрите за земјоделство на земјите-членки на ЕУ побараа подобро да се заштити пазарот на мед преку потранспарентни декларации за овој производ. Од Европската комисија се бара да ги ревидира законите за означување на мешавините на мед што се продаваат и со тоа да ги заштити домашните производители и потрошувачи при изборот на овој производ.

Како што објави „Евроактив“, тие неодамна го повториле барањето во Брисел што е испратено во 2020 година преку заедничка декларација со која се повикува комисијата да ја разгледа европската директива за мед. Ова би ја подобрило следливоста, особено кога медот се меша со производ увезен од различни делови на светот. ЕУ увезува околу 40 отсто мед од земји кои не се членки. Најмногу од Кина, Украина и Аргентина, бидејќи имаат многу ниски цени за килограм. Во 2021 година цената на кинескиот беше 1,36 евра, а за украинскиот требаше да се издвојат 1,89 евра.

Цената во Франција во исто време достигна меѓу 10 и 20 евра, пишува порталот. Да потсетиме, кога медот се увезува само од една земја, оваа информација за земјата на потекло мора да биде истакната на декларацијата. Меѓутоа, проблемот настанува кога медот увезен од повеќе земји се пакува во тегла, бидејќи тогаш најчесто се наведува „мешавина од мед од ЕУ“ или „мешавина од мед од неевропско потекло“.

Во тој случај, потрошувачите немаат целосни информации за потеклото на производот. Ваквиот начин на означување е штетен и за купувачите и за производителите. „Евроактив“ посочува дека словенечката делегација посочила дека сегашните правила за означување на потеклото ги ставаат производителите од една земја во нерамноправна положба во однос на производителите на мешавини. Затоа Словенија, поддржана од 19 други земји-членки, побара промена на законодавството на ЕУ за мед.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close