Лозарите слават, напомош да е Свети Трифун!
Премиерот Ковачевски на традиционално закројување на лозје во село Ресава
Денеска во 10 часот премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозје во кавадаречкото село Ресава.
Овој настан се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун, светецот заштитник на лозарите и винарите.
Се верува дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети,несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник. Според народните верувања и обичаи на овој ден рано наутро се одело в црква каде попот пеел молитва и светел вода со која верниците ги прскале лозјата по што го изведувале обредното закројување.
Во поново време свештени лица одат на лозови насади каде што пеат молитва и го извршуваат симболичното закројување.
Се верува дека ако денес врне дожд или снег годината ќе биде плодна, а ако е ведро не очекува сушна и јалова година. Ако се оди според верувањата оваа година би требало да се очекува добар род.