fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Пари“: Колку денари треба денес за храната за која пред две години дававме илјадарка

Она што можело да се купи за 1.000 денари во јануари 2021 година, сега станале трошок од 1.366 денари.

Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент. Но, ако се гледа растот на трошоците на годишно ниво, состојбата е сосема поинаква. Во јануари годинава трошоците за храна и безалкохолни пијалaци се за дури 25,1 процент повисоки отколку во јануари 2022 година. Ако кон ова се додаде фактот дека и лани имавме висока инфлација, при што растот на трошоците за храна и безалкохолни пијалaци во јануари 2022 година бил за 9,2 проценти повисок во однос на јануари 2021 година, јасно е дека сега треба да се издвојуваат многу повеќе пари од порано.

ТОП 5 поскапувања на прехранбени продукти јануари 2023/јануари 2022 година

ПРЕХРАНБЕН ПРОДУКТ ГОДИШЕН РАСТ НА ТРОШОКОТ
Леб и жита 39,1 %
Млеко, сирење и јајца 36,2 %
Месо 28,3 %
Масла и масти 18,4 %
Кафе, чај, какао 17,3 %

 

Врз основа на податоците за инфлација од Државниот завод за статистика, Пари пресмета дека она што можело да се купи за 1.000 денари во јануари 2021 година, во јануари 2022 година чинело 1.092 денари, а веќе денес тие 1.092 денари станале трошок од 1.366 денари.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јануари најголем годишен раст, од 39,1 процент, има кај лебот и житата, па потоа се млекото, сирењето и јајцата, со 36,2 проценти, и на трето место е месото, со 28,3 проценти. И сите останати ставки се зголемени и тоа со двоцифрена инфлација, па зголемувањето на трошокот за масла и масти изнесува 18,4 проценти, потоа за кафе, чај и какао 17,3 проценти, за шеќер, џем и чоколадо треба да се издвојат 17,2 проценти повеќе пари, за рибата и морските плодови 14,4 проценти…

Целата анализа е достапна на следниот ЛИНК.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close