fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

НОВО!Со сателитски снимки ќе се контролира дали се обработуваат нивите за кои се исплатени субвенции

„Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата“, потенцира Николовски.

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели.

Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место.

Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 – 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

„Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години“, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.

„Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери – индекси за државата“, потенцира Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close