Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Кривична пријава за земјоделецот од Кукуречани кој запалил стрниште па огнот го зафатил и далноводот
Сериозна е работата со палењето стрништа
Кривична пријава против маж од битолско Кукуречани за предизвикување пожар
На 20.02.2023 криминалистичката полиција во СВР Битола изврши службен разговор со Б.Н.(60) од с.Кукуречани, битолско. Тој се сомничи дека на 18.02.2023 околу 17.00 часот во атар на село Крклино, битолско, запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија. Б.Н. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.