fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонија старее, за десет години исчезнале 150.000 млади

Само 13% од младите сметаат дека земјата се движи во правилна насока, а 55% – дека оди во погрешна.

Младите во Македонија , според последните истражувања, покажуваат апатичност, незаинтересираност, а последните години и безнадежност, што е уште позагрижувачки, открива Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи , кој спроведе проект на тема  „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“. истражувањето на .

Според овој проект,  само 13% од младите сметаат дека земјата се движи во правилна

насока, а 55% – дека оди во погрешна. Според истото истражување само 3 од 10 млади сметаат дека за 5 години од денес државата ќе биде многу или делумно подобро место за живеење на
младите, а во случај да имаат можност, речиси 6 од 10 млади луѓе би се иселиле од државата.  Според анализата, ова зборува доволно со какви трендови и сериозни предизвици, во делот на потребата од работна сила, би се соочиле како земја во следната деценија.

Околу другата тема, што сакаат и што да очекуваат младите при планирањето на своите кариери и идни професии, се наведува податокот дека стапката на невработени млади (15-24 години) во земјава во третиот квартал минатата година изнесувлаа 19.587 или 17% од вкупниот број на невработени лица вбројани во активно население. Во исто време, стапката  на слободни работни места, според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година била 2.07 %. Најголем број слободни работни места, односно 3.459, имало во групата на занимања – работници во услужни дејности и продажба, или едноставно кажано продавачи, келнери, готвачи…

Од друга страна, според последните достапни податоци на Евростат д 2020 година младинската невработеност (15-29 години) во Македонија изнесува 29,6%. Според
податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со ноември лани,  регистрирани се 9.324 невработени лица на возраст од 20 до 24 години, 10.354 на возраст од 25 до
29 години и 2.052 на возраст од 15-20 години, или кумулативно, на возраст од 15 до 29 години,
евидентирани се вкупно 21.730 лица, додека бројот на невработени на возраст од 15 до 34 години изнесува вкупно 32.451 лица, што е бројка на активно население кое бара работа, а кое е во години погодни за преквалификација и  доквалификација, отворање на сопствени бизниси и други типови на поддршка од страна на државата.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close