fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Не можете да купите повеќе од 3 домати или 3 пипeрки-криза за зеленчук

Британските супермаркети со ограничување на зеленчук: Може да се купат само по три парчиња

Поради проблемoт со ланецот на снабдување предизвикан од сѐ поголемите проблеми со кои се соочуваат земјоделците, британскиот ланец супермаркети Asda воведе ограничување за купувачите по само три парчиња домати, краставици, пиперки, зелена салата, брокула.

Овој потег со ограничување следува како последица на проблемите со набавка на некои производи кои сe одгледуваат во Јужна Шпанија и Северна Африка, велат од Asda, како и по предупредувањето на Националниот синдикат на земјоделците дека производството на некои производи ќе биде рационализирано бидејќи фармерите се борат со високите трошоци за електрична енергија.

Производството на некои овошја и зеленчуци одгледувани во британските греени и покриени површини, како домати и краставици веќе е во пад.

Британскиот малопродажен конзорциум вели дека Британија увезува 95% од потребите на домати и 90% од салатите за време на зимскиот период.

Се очекува дека и останатите ланци маркети ќе го следат примерот на Asda. Meѓу нив е ланецот Morrisons, кој веќе најави дека ќе воведе исто ограничување од наредната среда.

Времето во Јужна Европа и Северна Африка ги поремети насадите на доматите и пиперките. Земјоделците во Мароко се борат со ладното време, обилните дождови и поплавите. Проблемот се прошири на ланецот на снабдување, бидејќи добавувачите се соочија со откажување на бродски транспорт, што влијаеше и на превозот со камиони. Шпанските насади исто така ги погодија лоши временски услови во последните три до четири недели.https://kajgana.com/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close