fbpx
Вести

Колкави се цените во земјоделството во јануари во однос на лани?

hrana

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2017 година, во однос на истиот месец лани, кај инпутот е зголемен за 4.6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4.9%.

Во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.

Во делот аутпут, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.8.

Во делот аутпут, во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.8.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close