fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во ТУТУНСКИОТ БИЗНИС земена е НАЈГОЛЕМАТА БРУТО ПЛАТА – кој заработува 166 илјади евра месечно

Скопјанец ја имал највисоката годишна буто плата во текот на 2021 година во износ од 122,3 милиони денари. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун.

Скопјанец ја имал највисоката годишна буто плата во текот на 2021 година во износ од 122,3 милиони денари. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун.

Скопјанец ја имал највисоката годишна буто плата во текот на 2021 година во износ од 122,3 милиони денари. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун.

Уште еден скопјанец се најде на врвот во категорија највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари со продажба на сопственички удел.

Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска врз основа на собраните податоци од годишните даночни пријави за 2021 година.

– Граѓаните преку корисничките профили на Е-ПДД можат да ги проверат и корегираат и да ги проверат даночните пријави. Граѓаните кои ниту ги потврдиле, ниту ги корегирале годишните даночни пријави, УЈП по службена должност ги потврдува. Во текот на 2021 година, вкупно 19.211 граѓани ги потврдиле пријавите, 732 граѓани ги корегирале и потврдиле, а за 607.742 граѓани, УЈП службено ги потврди пријавите. Согласно анализата 49.902 гораѓани имале бруто доход над еден милион денари, додека најголем дел или 623.690 лица оствариле бруто доход кој се движи во прагот од 100 илајди до 1 милион денари – појасни Ликаревска.

Директорката посочи дека во однос на 2020 година зголемен е бројот на граѓани кај врвните прагови, односно 25 граѓани во 2021 година оствариле приход над 100 милиони денари, а 757 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.

– На врвот на листата со годишен бруто доход од 244,2 милиони денари е за вработен од Скопје, од кои најголем дел се за плата, но и за други лични примања, по основ на работа.

И највисоката годишна буто плата е исплатена кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122,3 милиони денари.

На листата на највисоки плати исплатени 2021 година се најдоа и дејностите производство на метални произовди, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевски производи, управувачки дејности и компјутерско програмирање – појасни Лукаревска.

Како што соопшти директорката, највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милиони денари на годишно ниво, доходот е остварен во странство.

Граѓанин до Скопје во 2021 година ја остварил и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари со продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари е исплатена на граѓанин од Велес од исплатувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалоци и тутун.

– На врвот на лисатата од исплата на највисок доход од самостојно вршење на дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 102,4 милини денари. Во листата на десетте највисоко рангирани се наоѓаат, адвокати, угостители, нотари, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало за делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија.

Жител на Ресен со 12,6 милиони денари остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи.

Скопјанец остварил највисок бруто приход од закуп и подзкуп на имот, издавање на земјиште, станови и деловни простории и друг вид на имот кој изнесува 37 милиони денари.

Скопјанец е прворангиран во остварување највисок доход од авторски права во износ од 22 милиони денари.

По основ на право од индустриска сопственост исто така прв е граѓанин од Скопје со бруто доход од 5,5 милиони денари – дополнува Лукаревска.

По основ на игри на среќа на скопјанец му се исплатени 44,1 милион денари од Државна лотарија, а второрангираниот кој исто така е од Скопје, кој главно остварил добивка од обложувалници во износ од 31,3 милиони денари.

Пензионер од Скопје по основ на странска пензија во износ од 5,8 милиони денари на годишно ниво е прворангиран во групата пензионери.

Највисок доход по основ на ипслатени премии и осигурана сума во износ од 2,9 милиони денари остварило лице од Тетово.

– Категорија друг доход вклучува доходи кои не се опишани во Законот за личен доход, и не е изземен од оданочување, доход остварен од користен цврст отпад, со електронска трговија преку интернет, од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористена финансиска помош, износот на неискористени финансиски средства како и кусоци кои не се предивикани од вонредни настани, и не се на трошок на платата на одговорното лице.

Во оваа категорија жител на Тетово пријавил годишен бруто доход од 171,3 милиони денари.

Тетовчанка е второ рангирана со 155,1 милион денари исплатени од компании кои работат со мрежни, социјални и видео платформи, а скопјанец е на трето место со пријавени 78,5 милиони денари доход од откуп на користен цврст отпад – посочи директорката.

Во категоријата најмлад и највозрасен милионер се лице кое во 2021 година било на осум годишна возраст и кое остварило доход од над еден милион денари по основ на семејна пензија, а лице на возраст од 96 години остварило доход од 1,2 милиони денари.

– Годишните даночни пријави се параметар за примањата на граѓаните во 2021 година, деновиве ќе започнеме со генерирање на приходите за 2022 година.

Пред да почне генерирањето на ГДП пријавие, граѓаните да направат увид во приходите кои ги направиле. Кога ќе биде генерирана гдп пријавата, да ја проверат и потврдат пријавата, или ако имаат забелешки да ја корегираат и да ја потврдат пријавата.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close