fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трошоците за живот во февруари пораснале за 16,7 отсто

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај пивото за 5.8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4.9 %

Индексот на трошоците на животот во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи зголемување од 16.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12.4 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај пивото за 5.8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4.9 %, кафето, чајот, какаото за 2.3 %, жестоките пијалаци за 1.4 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1.3 %, лебот и житата за 1.2 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.0 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, виното за 0.9 % и месото за 0.7 %.

Во февуари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај средното образование за 14.8 %, ветернинарните и другите услуги за домашните миленици за 13.1 %, медиумите за снимање за 3.7 %, другите медицински производи за 3.3 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 2.7 %, другата облека и додатоците за облека, велосипедите за 2.5 %, медицинските услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.1 %, производите за домаќинството – нетрајни, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 %, собирањето на отпадните води за 1.8 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.6 %, другите печатени материјали, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поравките на живеалиштето за 1.4 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1.3 %, снабдувањето со вода, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 1.0 %, другите лични предмети за 0.9 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, гасот за домаќинствата, другото образование, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.7 %, мебелот и покуќнината, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5 %, обувките, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0.4 %, облеката, текстилот за домаќинствата, патниот патнички транспорт за 0.3 %, големите алати и опремата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 %, свежото и разладеното овошје за 0.8 %, млекото за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 5.9 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.9 %, услугите за сместување за 3.0 %, течните горива за домаќинствата за 2.7 %, моторните возила за 1.1 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.8 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.6 %.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close