fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Млечната индустрија да не ги притиска кооперантите за намалување на цената на суровото млеко од земјоделците, побара министерот за економија

Бектеши посебно упати апел до фирмите од млечната индустрија – да не направат притисок врз кооперантите за тие да им ги намалат цените на земјоделците кои продават сурово млеко.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека очекува сите компании опфатени со замрзнувањето на цените на тестенините и млечните производи да ја почитуваат одлуката и да ги поевтинат производите како што е предвидено. Во спротивно, најави, ќе следат нови одлуки.

Бектеши посебно упати апел до фирмите од млечната индустрија – да не направат притисок врз кооперантите за тие да им ги намалат цените на земјоделците кои продават сурово млеко.

Како што посочи министерот, направени се прецизни анализи. Простор за намалување на цените има, без компаниите да бидат во загуба.

Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Очекувам од 16 март сите да постапуваат согласно оваа одлука. Сите до тогаш треба да ги намалат цените, а ние до крајот на идната недела ќе ги анализираме детално и другите производи. Ако не се забележи намалување на цените, ќе следат нови одлуки. Ова не е закана, туку одговорно однесување на Влада во време на криза и затоа очекуваме целосна поддршка и солидарност од стопанствениците за кризата да не биде на грбот на потрошувачите. Млечните производи се со 10 отсто маржа што значи дека 20 проценти имале простор во утврдување на цените и на домашните и на увезените производи, а ние одлучивме половина од тој простор да го намалиме на 10 отсто, да се намалат нивните профити, а не да ги ставиме во заблуда и да имаат загуби – рече Бектеши на прес-конференцијата во Владата откако заедно со премиерот Димитар Ковачевски соопштија дека се замрзнуваат цените на тестенините и млечните производи.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close