Граѓаните им должат на банките 3,7 милијарди евра
Стабилен и во услови на криза е македонскиот банкарски сектор, покажуваат податоците од Централната банка.
Стабилен и во услови на криза е македонскиот банкарски сектор, покажуваат податоците од Централната банка. Во текот на минатата година на нивното конто се слеале вкупно 287 милиони евра како нето-камати, а од нето-провизии и надоместоци заработката е 101,4 милиони евра.
Всушност, каматите им донеле приход од 336 милиони евра, но за доверените депозити од банките се одлеале 48,8 милиони евра, со што се доаѓа до чистиот износ, односно до нето-каматата. Во однос на 2021 година,во овој сегмен е забележливо натфрлање од 32 милиони евра.
Зголемени се и остварувањата, и тоа за 19 милиони евра, по основ на провизии и надоместоци. Банките заедно инкасирале 162,8 милиони евра. Повеќе од двојно, пак, се пониски исплатените провизии и надоместо од нивна страна – 61,4 милиони евра. Што е подобра слика од онаа во 2021, кога приливот бил 101,4, а одливот 52,4 милиони евра.
Извор https://pari.com.mk/