fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Штркови во февруари, прерано цветање – какви опасности носи претоплата зима

Македонските граѓани ја живеат една од најтоплите зими, од проблеми со вода за пиење, намален принос на земјоделските култури, па се до зачестени невремиња - ова се дел од последиците кои се очекуваат од ваквото време.

Македонските граѓани ја живеат една од најтоплите зими. од проблеми со вода за пиење, намален принос на земјоделските култури, па се до зачестени невремиња – ова се дел од последиците кои се очекуваат од ваквото време.

Сушата и невремето како две сестри

Загриженоста ја дели и билогот Кирил Арсовски-Пржо. Појаснува дека ваквите зими ги менуваат животните циклуси на растенијата и ги ставаат под ризик при нов студен бран, се случува рано будење на инсектите пред да имаат доволно храна, но и предвремено будење на животните кои презимуваат.

„Оваа зима беше многу под сонце, што влијае на директно вадење на влагата од почвата. Овие сушни периоди, може да доведат и до посушна пролет, што директно условува појава на привремена или постојана суша. Оваа суша, во Македонија, во оваа климатска област, знае да доведе до големи поплави и временски непогоди, затоа што сушата и невремето се две сестри“, укажува биологот.

А сетоа тоа, додава, би резултирало со „катастрофална или многу намалена реколта на земјоделските површини“, особено на културите што се одгледуваат на отворено.

Исто како и крушевскиот земјоделец Богески, Арсовски се согласува дека студот е потребен на ова поднебје. Да ги уништи микроорганизмите кои паразитираат и врз човекот и врз растенијата и другите животни.

„Во тие периоди на сува студ на некој начин се врши природна стерилизација на почвата, на растенијата, со цел да се помогне еволутивно, растенијата напролет да имаат подобра можност за успех“, додава тој.

Повеќе на https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close