fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Недостиг на фосфатни ѓубрива ќе го наруши производството на храна

Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа придонесува за климатската криза, пишува Гардијан.

На нашата планета ѝ се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво.

Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа придонесува за климатската криза, пишува Гардијан.

Прекумерната употреба на фосфор го зголемува ослободувањето на метан низ планетата
Процесот на истекување на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои ги загрозуваат резервите на риби, предупредуваат научниците.

Покрај тоа, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови.

„Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе се соочиме со катастрофа која ја нарековме „фосфогедон“, рече професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер.

„Нема живот на Земјата без фосфор“
Фосфорот бил откриен во 1669 година од германскиот научник Хениг Брант, кој го изолирал од урината. Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани.

„Едноставно кажано, нема живот на Земјата без фосфор“, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот во Бристол.

Фосфорот им помага на посевите да растат
Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба – фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во исхраната на осумте милијарди жители на нашата планета. Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето.

Зголемениот притисок врз наоѓалиштата доведе до тоа експертите да се плашат дека светот може да се соочи со трошење на резервите на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат да го добијат за да го прехранат своето население. Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои стравуваат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските залихи, оставајќи го Западот многу ранлив со порастот на цените.Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 1970-тите.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close