fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

В понеделник Владата ќе одлучи дали ќе ја замрзне цената на јајцата

На листата за замрзнување на цените и шеќерот и оризот

Владата утре ќе одлучи дали ќе ги замрзне цените на јајцата, шеќерот и на оризот. Анализите  во понеделник ќе се разгледуваат на владина седница.

Владата веќе ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10%. Цените ќе важат до крајот на мај.

Синдикатите бараа цените да бидат замрзнати уште минатата година на почетоците на инфлацијата и затоа сметаат дека со сегашниот потег државата нема да ги ублажи животните трошоци на граѓаните.

Инфлацијата во земјава февруари годинава изнесуваше 16,7 отсто, во однос на истиот месец лани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close