fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар

Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари,  додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар,  а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари. 

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари,  додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар,  а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари.

Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close