fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дојде време од државно масовно да одат во приватно на работа

Јавниот сектор веќе не е атрактивен за вработување

Секојдневно има одлив на кадар од јавниот во приватниот сектор, тврди министерката за труд Јованка Тренчевска. Од приватниот сектор, пак, си заминуваат во странство.

Работниците се во постојана потрага по поплатени работни места. Јавниот сектор веќе не е атрактивен за вработување, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во разговор за „Утрински печат“ обелодени дека секојдневно има одлив на кадар од јавниот во приватниот сектор. Но, сепак, нема дејност од приватниот сектор, кој не се жали дека му недостига квалификува и обучен кадар. Состојбата уште повеќе се влоши со сезонските работници што одат на привремена работа, но и големиот траен одлив на работна сила.Министерката Тренчевска вели дека е алармантно тоа што добрите работници го напуштаат јавниот сектор, со што се создаваат големи проблеми во неговото функционирање.

– Масовно си одат добрите работници од јавен во приватен сектор. Секојдневно си заминуваат и од Министерството за труд и социјална политика. Ние имаме една пријатна комуникација, нема мобинг, така што работниците си заминуваат за поголеми плати. Секаде во светот во јавниот сектор се пониски платите отколку во приватниот, и тоа така треба да биде – рече Тренчевска.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“ потенцираше дека најголем дел од вработените имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close