fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Над 800 евра кирија за нива од 1 хектар во Холандија

Холанѓаните најскапо ја изнајмуваат својата земја, најевтина е Словачка

Не сите земјоделци ја поседуваат земјата што ја обработуваат и многумина се одлучуваат да ја изнајмат, а во земјите на ЕУ годишните цени за закуп на еден хектар земјоделско земјиште значително варираат од земја до регион. Изнајмувањето на еден хектар обработливо земјиште или постојан тревник во 2021 година се движеше од 62 евра во Словачка до 836 евра во просек во Холандија.

Меѓу регионите на ЕУ, изнајмувањето на еден хектар земјоделско земјиште било најскапо во 2021 година во холандскиот регион Флеволанд – 1.721 евро по хектар, потоа на Канарските острови во Шпанија, каде што чинело 1.119 евра и Атика во Грција, 927 евра по хектар.

Од друга страна, цените за изнајмување беа најниски во шведските региони Мелерста Норланд и Овре Норланд, каде што цената и во двата беше 25 евра по хектар, а потоа следува Виходне Словенско во Словачка (42 евра).https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close