fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонија меѓу земјите кои консумираат најмалку месо

Меѓу земјите кои консумираат најмалку месо се најде Македонија, заедно со Турција, Албанија и Молдавија со 39 килограми месо по жител годишно.

Веб-страницата Landgeist Map објави мапа на Европа на која се прикажани податоци за потрошувачката на месо по земји. Она што тие го истакнаа е дека во овој податок не се вклучени рибите и морските плодови како месо и дека тоа го вклучиле во друга студија.

Шпанија е на прво место со 99 килограми месо по жител. Второто место го зазеде Португалија со 95 килограми, додека на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител. Интересен факт е дека овие земји се и најголеми потрошувачи на морска храна во Европа.

Меѓу земјите кои консумираат најмалку месо се најде Македонија, заедно со Турција, Албанија и Молдавија со 39 килограми месо по жител годишно.

Кога станува збор за земјите од регионот, интересен е податокот дека најголема потрошувачка на месо имаат граѓаните на Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа следат граѓаните на Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител.

Србија е поблиску до Босна и Херцеговина во однос на потрошувачката на месо, каде еден жител во просек јаде до 56 килограми месо годишно, додека Босна и Херцеговина „троши“ 43 килограми месо по жител годишно.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close